ЈАКИМОВСКИ : НИЕ И ТРЕБАМЕ НА ЕУ, НЕ САМО ТАА НА НАС – СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ДА ПРОМЕНИМЕ НЕШТО ВО ОПШТЕСТВОТО!

0
73

Зошто мислите дека нам ни треба ЕУ, а ние не сме ѝ потребни на ЕУ? –
прашува во денешното гостување во „Аргумент плус“ на ТВ24
претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

– Овие бодликави живи кај Гевгелија на граница се за нас или за Европа?
Тие што сакаат да ја поминат границата сакаат да одат во Куманово и
Скопје или во Берлин, Хановер? Чии политики ние спроведуваме? Ние ја
штитиме нивната граница, нив им е исто така битно да бдат сигурно дека
ова подрачје и економски и политички и воено биде блиско со нив, вели
Јакимовски.

Претседателскиот кандидат нагласи дека доколку до 2030 година не влеземе
во ЕУ, Македонија треба да си бара сопствен пат.
– Во земјата мора да се донесат инвестиции, инвеститори, нови работни
места, да се покачи БДП-то, како сме тргнале ќе станеме земја на
пензионери, кој ќе ни ги плаќа пензионерите?

30 години некој се обидува да ни наметне дека Европа ни ги решава
проблемите, ЕУ ги отвора вратите за наш кадар да им служи нив, да им ги
решава проблемите, вели Јакимовски.

– Јас се кандидирам на овие избори за да промениме нешто во општеството.
Кој ни пречи да прекинеме со партиски вработувања, да гласаме онлајн, да
имаме дебата, нагласи Јакимовски.
Со почит,
Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“