ЃОРЃИ СПАСОВ : ЦЕЛТА НА БУГАРСКИТЕ ПРОВОКАЦИИ Е МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НАДВОР ОД ЕУ

0
448

Принтскрин од гостување на поранешниот амбасадор Ѓорѓи Спасов на ТВ 24 во 2018 година.

Сѐ што се случува во изминатава недела во македонско-бугарските односи е дел од „империјалните амбиции“ на Софија кон Македонија и македонскиот народ. Кога после неколкуте вета дојде францускиот предлог и целата „рамковна позиција“ на Софија се сведе само на впишувањето на Бугарите во Уставот, почнаа провокациите преку формирањето на низа клубови на Бугарите во Македонија, оценува Ѓорѓи Спасов, поранешен амбасадор во Софија и универзитетски професор, во интервју за „Независен“.

Според него, целта на оваа силна кампања преку вознемирувањето на македонското ткиво е, всушност, да не се усвојат уставните измени и Македонија да остане уште долго надвор од ЕУ.

„Мета.мк“ во продолжение пренесува дел од интервјуто на Спасов:
Според Ѓорѓи Спасов, во центарот на целата оваа кармакаша е претседателот на Бугарија, кој со акција во стилот на „Спасувањето на војникот Рајан“ го оркестрираше пренесувањето со владин авион на повредениот охриѓанец на лекување во Софија. Крајната цел на оваа политика е членството на Македонија во ЕУ сѐ повеќе да им се одмилува на граѓаните, имплицира тој.

„Кога во 2017 година се потпиша Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, владата на Зоран Заев и многумина од нас веруваа дека со тоа ќе се стави крај или барем ќе се ограничат имеријалните амбиции на Бугарија кон Македонија.

Тие империјални амбиции на Бугарија кон денешна Република Северна Македонија постојат и не се згаснати од Балканските војни до денес. Тие се содржани во општото уверување во Бугарија, распространето и одржувано преку политичката пропаганда и преку образовниот систем, дека Македонците како посебна нација не постојат, дека нивниот јазик е само дијалект на бугарскиот и дека на територјата во некогашната Вардарска Македонија, а денешна Северна Македонија, преку процес на дебугаризација и со насилства е создадена вештачката македонска нација. Овие тврдења, кои се идентични на тврдењата на Русија и Путин за украинската нација, во Бугарија се сметаат за историска вистина и секое понакво толкување за настанувањето на македонската нација, во земјата или надвор од неа, се смета за „фалсификување на бугарската национална историја“.

Бугарија, за жал, го нема отсонувано Санстефанскиот сон, денот на тој договор со кој била создадена Голема Бугарија, која никогаш не заживеа, го слави за свој национален празник. Во бугарската пропаганда и учебници пишува дека денешната бугарска држава на сите страни граничи „сама со себе“, односно со Бугарите што останале од другата страна на границата во Грција, Србија, Македонија и во Романија“, вели Спасов.