СДСМ: КАКО СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ НА САРАМАНДОВ ГО УНИШТУВА ФК “КОЖУФ” ГЕВГЕЛИЈА

0
1286

Во годината кога гевгелискиот фудбалски клуб го одбележува стогодишниот јубилеј, се одбележува и неговиот слаб успех со завршеток на 11 место на табелата помеѓу фудбалски екипи кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига. И тоа благодарејќи на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов со неговата “стратегија за млади и спорт” (најавувана во предизборната кампања) и сопартијците поставени во управата на клубот.
За жал, за Сарамандов 11-тото место на ФК “Кожув”, за кое се потрошени 3.400.000 денари средства од општинскиот буџет плус дополнителни средства од други извори- вредносен ваучер во висина од 950.000 денари од Агенцијата за млади и спорт и донации, е успех. Со таквата вложена сума пари, ФК “Кожув” би требало да е меѓу првите 4 екипи.

Сето ова е резултат на недомаќинското работење и трошењето пари без усул. Не беше доволно само еден претседател и директор на клубот, па Сарамандов назначи уште еден директор само и само да се исполнат партиските ветувања пред изборите. Да се зема плата не придонесувајќи со ништо за клубот. Поради индолентниот однос на управата, во рок од 6 месеци клубот го напуштија 14 домашни играчи.
Те прашуваме, градоначалниче Сарамандов: “Ова ли е твојата стратегија за развој на спортот демотиривајќи ги младите гевгелиски фудбалери со носење играчи од страна, непостоење кадетска и младинска екипа по 5 години натпреварување во Втората младинска лига, недозволување на оние кои останаа во клубот да тренират на градскиот стадион во Гевгелија и правење дополнителни трошоци за станови, храна и плата во време на економско-енергетска криза? ”

Те прашуваме тебе затоа што одговорот на твоите поставеници кога ги прашуваме нешто во врска со клубот е дека сите одлуки ги носи таткото на градот или таткото на таткото на градот (цитираме: “папата и менторот”), а тие се само во управата за плата. И зошто се плаќа економ кога ЈПКД “Комуналец” го одржува теренот на градскиот стадион?

Очигледно е дека со Сарамандов ФК “Кожув” нема никаква цел, туку целта му била двојно да ги зголеми трошоците за клубот и од екипа со 95% домашни играчи и тренери за само една година да направи 90% екипа со играчи од страна.Ако целта е клубот да биде стабилен второлигаш, тоа беше и во изминатите 5 години, но со 95% домашни играчи и со двојно помали трошоци!