ЃОРЃИЕВСКИ : ЗА ДВЕ ГОДИНИ ГРАЃАНИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА ДОБИЈА 11 СПОРТСКИ ТЕРЕНИ, 40КМ ИНФРАСТРУКТУРА ПАТИШТА, 6,5КМ ПОДЗЕМНА ИНФРАСТРУКТУРА, 5КМ ВОДОВОДНА МРЕЖА, СЛЕДУВААТ НОВИ ПАРКОВИ, ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ, ТУРИСТИЧКИ МЕСТА

0
351

Во вечерашната емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24 гостуваше градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој што истакна дека за две години граѓаните на Кисела Вода добија 11 спортски терени, 6,5 км подземна инфраструктура, 5 км водоводна мрежа, следуваат нови паркови, велосипедски патеки, туристички места.

„Кисела Вода беше девастирана општина години наназад и важевме за една црна точка во Скопје, од повеќе аспекти, прво немавме ниту еден парк, изминативе 2 години се изградени неколку паркови, потоа подземна инфраструктура во Скопје сме, населби што се на 1-2 километри од градот, еве утре сме во стаклара 4,5 километри од градот, камен темелник ставаме на одводна мрежа која што ќе се гради после 50 години во населбата. Ние реализиравме 6,5 километри во две години подземна инфраструктура, канализации, околу 5 километри водоводна мрежа, околу 4 километри атмосферска канализација“, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека за две години 11 спортски терени се изградени во Кисела Вода, а во Расадник во моментот 4- ти паркинг се гради каде подоцна ќе бидат бележани и велосипедски патеки а од пролет ќе се фокусираат многу нови велосипедски патеки, паркови, туристички места.

„Никој не може да ме убеди дека некој во минатото за продуктивна работа или за капитален проект се задолжувал, ја задолжувал општината во минатото кога имаме општина каде во 21 век се уште не биле создадени до пред две години основни услови за живот. Да не говорам за патната инфраструктура која што личеше на голф терен, практично немаше улица во Кисела Вода која што не беше руинирана и така стоеше со години, врв беше во Кисела Вода во минатото да се закрпи дупка сега имаме асфалтирано 40 километри инфраструктура патишта. Не зборувам дупки крпење туку имаме асфалтирано улици. И тоа е срамота да го говориме во 21 век, но тоа е за жал суровата реалност. Во Расадник во моментот 4 ти паркинг за две години градиме, подоцна ќе бидат бележани и велосипедски патеки. Од пролет ќе се фокусираме на многу добри проекти, велосипедски патеки, паркови, туристички места. Изминативе две години 11 спортски терени беа изградени во Кисела Вода“, истакна Ѓорѓиевски.