ЃОРЃИЕВСКИ : ЗАВРШЕНА Е ИЗГРАДБАТА НА ДВА ПАРКИНЗИ ВО КИСЕЛА ВОДА СО КАПАЦИТЕТ ОД НАД 240 ВОЗИЛА И СЕ ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА УШТЕ ДВА НОВИ

0
724

🅿️ Нови паркинзи низ општина Кисела Вода со капацитет од над 2️⃣4️⃣0️⃣ возила!

🚙 Завршена е изградбата на два паркинзи, а започна и изградбата на уште два нови.

На местото од дивата депонија кај ,,Мечкаров”, сега има уреден простор за паркирање на 50-тина возила, а жителите во Расадник добија простор за паркирање на 90 возила.

☝️Паралелно, тече изградбата на паркиралиште позади ООУ ,,Партенија Зографски”, непосредно до градинката ,,Весели Цветови”, но и на улицата ,,Коперникова” во населбата Драчево, што значи уште вкупно 100 паркинг места за жителите од општината.

🗣️ Како што најавив претходно, интензивно работиме на обезбедување на локации за паркирање, бидејќи организацијата на сообраќајот во мирување има голема улога во квалитетот на одвивањето на целокупниот сообраќај во една ваква урбана средина.
Завршивме со изградбата на два нови паркинг простори, а веќе се градат и уште два и тоа во сите делови на општина Кисела Вода.

🅿️ Во паркинг места, ова значи бројка од 2️⃣4️⃣0️⃣, што е значаен чекор во надминувањето на проблемот со кој секојдневно се соочуваат нашите жители.

☝️ Ќе потсетам дека изградивме паркинг на улицата “Бранко Заревски” во населбата Драчево, а во периодот што следува, изградба на паркиралишта ќе има и во УЗ ,,Цветан Димов”, ,,11 Октомври-Згради”, во близина на училиштето за слепи лица, како и во Расадник, каде течат активности за комплетирање на документацијата за изградба на монтажно паркиралиште.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.