ШТО БИ РЕКЛА ГОЦА, РОДЕН ПРЕВАРАНТ (КАБАДАЈА) – Талески, откако беше осуден на 8 години затвор: Јас овој “трас-трас“ суд не го признавам!

0
767

Владимир Талески, откако пред неколку дена беше осуден на казна затвор од осум години како обвинет во случајот „Транспортер“, се огласи на својот профил на Фејсбук.

Талески се жали дека е жртва на политички прогон и дека судскиот процес е монтиран.

-Јас овој „трас-трас“ суд не го признавам.  Апсурдот е и во тоа што јас сум осуден на осум години затворска казна за начинот на организирање на превозот на ученици, а таквиот начин на организирање на превозот, од страна на сегашната власт на СДСМ е преземен од нас и е внесен во Закон за измени на законот за превоз во сообраќајот во членот 22 б и сега е законска обврска за сите општини. Дали тоа значи дека и Владата и сите општини денеска, вклучувајќи ја и општина Битола, прават криминал? Со незаконски изречените казни судот ја уништи вистината, а судскиот систем кој насилнички функционира и во време на вонредна состојба во државата е директна алатка на власта во функција што подолго истата да остане на власт и ригорозно да се пресмета со своите политички противници и лично да им наштети, напиша Талески.

Тој тврди дека организацијата на школскиот превоз во Битола била законска, и го обвини поранешно СЈО дека координирано работело со судот, со цел како што вели, негов политички линч.

-Финансиската штета со која оперира судот не постои. Таа е лажна. Бројките се земени од нецелосниот, нестручен и погрешен Вешт наод кој што е изработен по нарачка на СЈО. Вештиот наод, намерно или случајно е погрешен, контрадикторен и со погрешен метод на проценка . Критериумот со кој оперира општината е „цена по ученик“, а критериумот применет во Вештиот наод е „цена по авто ден “ со што се добиени погрешни заклучоци. Иако укажувавме на ова во текот на постапката, сепак тоа до крајот не се корегира и пресудата се базираше врз сите погрешни податоци во Вештиот наод“, вели Талеаски.