ТВ операторите го прекинаа емитувањето на програмите

0
737

Македонските телевизиски оператори денеска во 18 часот времено го прекинаа емитувањето на сите телевизиски канали, освен на МРТ. Тоа го направија во знак на протест поради, како што велат наметнатите неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.

-Ова е времен прекин на телевизиските програми во знак на протест. Причините се наметнатите неуставни обврски за одговорност од дејства кои не се во наша надлежност и контрола, како и неможност за регистрирање на странски ТВ канали на штета на нашата ТВ понуда. Доколку не се променат спорните измени на законската регулатива и Уредбата на Владата донесена на 29.5.2020, Ве известуваме дека од 8.8.2020 нема да бидеме во можност да реемитување ТВ програми преку нашата мрежа. Жалиме што сме принудени на ваков на чекор и се надеваме дека наскоро ќе се изнајде соодветно решение. Согласно обврските од Вашиот договор, ќе бидете обесштетени со соодветно намалување на месечната претплата, стоеше во пораката од операторот А1.

Прекинот траеше околу еден час. Операторите не се согласуваат со обврската да гарантираат за авторските права на програмите кои тие само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Реемитувањето на програмите и авторските права, според нив, е во согласност со ЕУ стандардите и веќе е регулирано со закон.