ШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ПРОТЕСТИРАА СО ПРАЗНИ ПАРИЧНИЦИ

0
309

Штипските  пензионери симболично покажувајќи ги празните паричници на денешниот протест  порачаа дека уште на првиот ден од земената пензија не им останало ништо за живот. Тие од Градскиот плоштад ,,Слобода” порачаа дека пензиите им се ниски, а сметките многу високи.

-Само рецепти и сметки од лекови имам во новчаникот. Ништо не ми остана! Само 4,500денари за јадење. Јас ја плаќам сметката за вода на син ми, тој е невработен. Неговата сметка, апчињата и од 15.000 кажете ми што ми останува“, велат пензионерите кои денеска протестираа.

Соња Арсова од Иницијативниот одбор на пензионерите во Штип вели дека не отстапуваат од барањата. Линеарно зголемување од 5. 000 денари и минимална пензија 18.000 денари. Таа повика на масовност на протестот кој ќе се одржи на 7 ноември пред неколку странски амбасади.

– Странските амбасадори нека ја видат нашата слика и нашиот живот. Нека раскажат дека пензионерите во Македонија своите права си ги бараат на улица, Арсова.

Во знак на револт, пензионерите маршираа и до подрачната единица на ПИОМ во Штип.