ШКРИЈЕЉ : ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ, ОД 7.200 ДЕНАРИИ ДО 10.800 ДЕНАРИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА 105 ИЛЈАДИ УЧЕНИЦИ ЗА 6 МЕСЕЦИ

0
323


Прес конференција на Санела Шријељ, пратеник од редовите на СДСМ.

Почитувани граѓани,

Грижата за сите е темелот на нашите мерки и политики со кои создаваме еднакви можности и подобри услови на секој човек.

Со новиот, 9 ти пакет антикризни мерки обезбедуваме финансиска поддршка за средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари.

Помагаме повеќе за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза.

Во наредните 6 месеци по 1.800 денари месечно добиваат 35.000 ученици од средно училиште.

Тоа се вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година, финансиска поддршка по ученик.

Со мерката се опфатени и учениците од основното образование. Во наредните 6 месеци по 1.200 денари  месечно добиваат 70.000 ученици од основно.

Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година по ученик.

Вкупниот опфат само со оваа мерка се 105.000 ученици.

Дополнително, за 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно.

Работиме за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства, се грижиме за нив и за нивната социјална сигурност.

Со СДСМ секој добива повеќе.