ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ВО СУДСКИТЕ ЛАВИРИНТИ: ОДЛОЖЕНО Е РОЧИШТЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ “ШПАНСКИ СКАЛИ”, ПРВООБВИНЕТИОТ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ДОСТАВИЛ ДОКУМЕНТ ОД СИСТИНА ЗА ФРАКТУРА НА КОЛЕНОТО

0
1044

Судењето за случајот “Шпански скали” се одложува за 18-ти јануари 2022 година поради наводна повреда на првобвинетиот, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште рече дека одбраната на Јанакиески доставила документ од медицински преглед од Систина.
“Со оглед дека станува збор за фрактура на колено и се препорачува строго мирување на обвинетиот, денешното рочиште се одложува” – изјави судијката.
Бидејќи екс министерот Јанакиески е секој ден на судење за повеќе случаи, постои оправдан сомнеж дека документот е фалц со цел да се купува време до целосно застарување.