ШЕФОТ НА ОЈО ЈОВЕСКИ ДЕНЕС ЌЕ ПОТПИШЕ РАБОТЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО ЕВРОПСКАТА ОБВИНИТЕЛКА ЛАУРА КОВЕСИ

0
496
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска ќе потпише Работен договор за соработка меѓу двете институции со Eвропската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси.

Официјалното потпишување на документот ќе се одржи напладне во седиштето на Европското јавно обвинителство во Луксембург.

Како што сооошти Јавното обвинителство, на потпишувањето ќе присуствуваат и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами и в.д. шеф на Мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ, Миле Прангоски.