Честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, по повод Денот на словенските просветители, Св. Кирил и Методиј

0
764

Почитувани граѓани,

Ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Со своето дело, браќата Кирил и Методиј им го отворија патот на словенските народи кон описменувањето, а нивната визија и вредностите кои што ги промовираа, актуелни се и релевантни и после повеќе од 11 векови.

Со својата работа, Кирил и Методиј го надградија културниот и духовниот развој на многу народи и покажаа дека само просветениот човек може да биде вистинољубив и праведен.

Соочени со пандемијата од Ковид-19, а со цел да го сочуваме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски, годинава Денот на сесловенските просветители го одбележуваме поразлично од претходните години. Тоа во ништо нема да го намали значењето на денешниот ден, туку само ќе ја зацврсти нашата вера и нашата решеност да истраеме на патот на градење сигурна иднина за сегашните и идни генерации наши сограѓани.

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!