ЦУК : АНГЕЛОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЈАПОНСКА АГЕНЦИЈА ВО СЕЛО КОЏАЛИЈА, ,РАДОВИШКО

0
848

Денеска, (21.05.2021), се реализираа конкретни теренски согледувања и средби со мештаните за проектот за сопирање на поројни поплави во државата во соработка со Јапонија. Конкретно, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во с. Коџалија, заедно со претставници на локалната самоуправа од Општина Радовиш, оствари работна средба со претставници – експрети од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија ( JICA) за Проектот ”Екостистемски – базирано намалување на ризици од катастрофи Eco-system based Disaster Risk Reduction – ECO-DRR)”.

Преку овој проект во Република С. Македонија ќе биде применет концептот на екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR), со крајна цел да се намали интензитетот и фреквентноста на природни непогоди, како што се поројните поплави, лизгање на земјиштето и ерозија на почвата, кои во последните години предизвикуваат големи физички штети, социо-економски последици и доведуваат до тешка деградација на природната средина.