ХРИСТО КОНДОВСКИ: НА СРЕДБАТА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СПОРТОТ УТВРДИВМЕ ДЕКА БИТОЛА Е СПОРТСКИ ГРАД, ДЕКА КАКО БИТОЛЧАНИ ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ И ЌЕ СЕ БОРИМЕ ЖЕСТОКО ЗА ТРОФЕЈНА БИТОЛА

0
667

На заедничка маса со членови на спортските клубови од областа на фудбалот, ракометот, кошарката, куглањето, одбојката, велосипедизмот, планинското трчање, бодибилдингот, џудото и пливањето, како и со претставници на Сојузот на спортови, дискутиравме за актуелните состојби во битолскиот спорт.

Заеднички утврдивме дека поддршката е неопходна, со цел спортот во Битола да се развива во насока на самоодржливост на спортските клубови.

Битола е спортски град! Само силни спортски клубови достојно можат да ги бранат боите на трофејна Битола!

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на општина Битола, Христо Кондовски.