ГРУЈО Е ГОТОВ, АНКЕТА НА ТЕЛМА: Во време кога сите се плашат да кажат дека ќе гласаат против режимот, СДСМ се доближи на само 4,8 проценти разлика со ВМРО ДПМНЕ!

0
2534

Разликата меѓу главните македонски политички партии изнесува 4,8 отсто, покажа анкетата нарачана од телевизија „Телма“, а која ја спроведе Институтот за демократија Социетас Цивилис и МЦМС.

На неа, 23,7 од испитаниците рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 18,9 отсто, за ДУИ 6,2 отсто, за ДПА 3,3 отсто, за БЕСА 1,2 отсто, додека за други партии би гласале 4,9 отсто.

Од албанскиот електорат, 6,3 проценти се изјасниле дека ќе гласаат за СДСМ, а 1,3 проценти за ВМРО-ДПМНЕ.

Во анализата на анкетата се наведува дека дури 18,2 проценти од гласачкото тело кое се изјаснило дека ќе гласа на изборите не сакало да одговори за кого ќе гласа.

Ова е многу интересна анкета, затоа што тие 5 посто кои ќе гласаат за други партии, сите се опозициски, како Левица, Коалиција за правда и ВМРО за Македонија.

Ова значи дека опозицијата има изедначен процент со режимот, но ова е само во анкета кога луѓето треба да признаат на телефон за кого ќе гласаат, но на денот на изборите ќе излезат многу повеќе опозиционери отколку што го покажуваат тоа анкетите, па сосема е реално опозицијата да победи со 10 пратеници разлика!

Истото се случи со БРЕГЗИТ во Британија и со победата на Трамп во Америка, таму се плашеа да признаат од што им беше срам да признаат дека ќе гласаат за БРЕГЗИТ и Трамп затоа што тоа беше исмевано во медиумите и сите што гласаа за тоа беа прогласувани за расисти и фашисти.

Во Македонија немаме проблем со срам туку со страв, децата не им признаваат на родителите дека ќе гласаат против режимот, или пак цели семејства се кријат дека ќе гласаат против режимот затоа што се плашат дека режимот ќе им се одмазди!

Тие сите 15 проценти неопределени се всушност околу 10 проценти определени но не сакаат да признаат. Да не зборуваме пак за оние 18 проценти кои одбиваат да одговорат.

ГРУЈО Е ГОТОВ!

grujo.akademija