Хрватската звезда на Интер, Марсело Брозовиќ донираше 3.000 евра за операција на Македонка

0
930

Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Интер, Марсело Брозовиќ, донираше 3.000 евра за 26-годишната Стаменка Трповска од Македонија. Трповска се соочува со сериозни здравствени проблеми со колковите, а по првата успешна операција ѝ се појавиле нови компликации, па таа е повторно неподвижна. Таа финансиска помош за нова операција побара преку објава на социјалните мрежи, а нејзината објава ја пренесоа и навивачите на Интер од Балканот.

„Денеска, по само еден час од нашата објава во која ги молиме сите да ѝ помогнат на Менче, Марсело Брозовиќ ни се јави приватно и нè информираше дека го уплатил целиот износ за операцијата. Не знаеме како ова да го опишеме, нè преплавија емоциите, оставени сме без текст. Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет“, напишаа администраторите на Фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.