И лидерите на опозицијата денеска излегуваат на Шарена револуција: Им дадовме доволно време! Дојде часот да ставиме крај на оваа криза!

0
1181

На вечерашниот протест на Шарената револуција кој се најавува како клучен за понатамошниот тек во борбата против режимот, најавено е присуство на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и сите останати лидери на опозиски партии кои се дел од коалицијата, како и потписиниците на Платформата за демократска Македонија.

Еве ја најавата за протестот:

Соборки и соборци,

Шести јуни е датум со силно значење за сите нас, датум со крв врежан во нашите сеќавања. Ден кога Мартин Нешковски беше брутално убиен, а власта проба да го сокрие убиството. Пет години подоцна, овој датум ќе добие уште поголемо значење.

Два месеца неуморно #Протестирам за правда, демократија и еднаквост. Ширум Македонија и дијаспората, десетици илјади граѓан(к)и во последниве 55 дена излегоа на улиците и плоштадите, а можеме само да претпоставиме уште колку има кои поради притисок и закани не смеат да протестираат. Наша прва победа е одложувањето на криминалните избори кои требаше да се случат оваа недела. Но, два месеца протестираме и против аболицијата на криминалците од власта. Токму тие криминалци не сакаат мирно да се повлечат и да им се суди за нивните злодела.

Им дадовме доволно време! Дојде часот да ставиме крај на оваа криза! Ве повикуваме сите на 6 јуни во 18 часот пред СЈО, да го најавиме крајот на криминалното владеење во Македонија. Да бидеме точни, да бидеме бројни и да бидеме гласни!

На сите да им кажеме јасно и гласно што бараме! Нашето трпение помина! Нема повеќе изговори и бегање од граѓаните кои речиси два месеца храбро и истрајно протестираат против овој режим. Во понеделник соопштуваме бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања. Ја повлекуваме црвената линија! Од понеделник одбројуваме! Кризата траеше доволно долго! Во понеделник, граѓаните и граѓанките ќе кажат како ќе ја надминеме!

Нема веќе да нѐ гледаат сам од шест, туку ќе нѐ гледаат секој ден – сѐ посилни! За правда, за демократија, за еднаквост! Ќе има правда, ќе има мир!