ХОРОР ВО БЕЛГИЈА : УБИЕНИ ДВАЈЦА ШВЕЃАНИ ВО ПУКОТНИЦА ВО БРИСЕЛ КАКО АКТ НА ТЕРОРИЗАМ

0
362

Вечерва во главниот град на Белгија, Брисел застрелани се два шведски државјани кои носеле шведски фудбалски дрес.

Вооружениот напаѓач побегнал од местото и се уште е во бегство. Од обвинителството во Брисел велат се работи за терористички акт.

Белгискиот премиер подоцна потврди дека жртвите биле Швеѓани. Брисел ја зголеми својата закана од тероризам на највисоко ниво.

По снимката објавена на социјалните мрежи на маж кој зборува арапски се тврди дека тој го извршил нападот во името на Бога.

Човекот во клипот додаде дека убил три лица. Канцеларијата на Федералното обвинителство потврди дека го видела видеото, но не може да потврди дека тој е напаѓачот.

Видеото и другите снимки од нападот ги проверува полицијата, соопштија за Би-Би-Си.

Федералните обвинители во Белгија оттогаш изјавија за новинската агенција АФП дека е отворена истрага за тероризам по пукањето на булеварот Ипр.