ХАКНАТ најголемиот турнир на Дота 2

0
1227

The International 5, турнирот за DotA 2 организиран од страна на Valve, беше жртва на хакерски напад кој целосно ги прекина натпреварите.

Според првичните информации, турнирот со награден фонд од над 18 милиони долари беше целосно запрен од хакерски DDoS (Distributed denial of service) напад.

maxresdefault157_3

Преку нападот, хакерите испратија огромни количини на лажен сообраќај до мрежата, со што серверите беа преоптеретени и целосно паднаа.

Проблемот со овој турнир се случи бидејќи сите натпревари се играат на јавна мрежа, наместо на затворена и заштитена LAN мрежа.

За време на нападот, во тек беше натпреварот помеѓу Evil Geniuses и comp Lexity Gaming, но за среќа тој беше на самиот почеток, така што нема никаква штета врз тимовите и потенцијалниот победник.

По нападот, мрежата на DotA 2 беше падната скоро 2 часа, со што активностите понатаму продолжија по нормалниот тек.