Објавени фотографии од Galaxy Note 5

0
1422

На 13 август Samsung официјално ќе го претстави Galaxy Note 5 и неколку дена пред најважниот настан на интернет почнаа да се појавуваат информации за телефонот.

Овој пат станува збор за фотосесија со учество на уредот, обезбедена од извори на сајтот Droid Life, која е придружена и со некои технички карактеристики.

picpath335324

Кадрите ја потврдуваат промената во дизајнот, која зазема многу елементи од Galaxy S6, како што е метална странична рамка и стаклениот заден панел кој го олеснува зафатот.

Во долниот дел има промена кај слотот за пенкалото. Отсега се одзема преку пружина, а не се повлекува како што беше на претходните модели.

Меѓу техничките карактеристики се посочуваат 4GB RAM, недостаток на мемориски слот, вградена меморија од 32/64/128GB и незаменливата батерија со капацитет од 3000mAh што дефинитивно звучи малку.

Самиот дизајн со тенките странични рамки околу екранот, дефинитивно се чекор во вистинската насока.

На една од фотографиите се гледа и ново мени за функцијата Air Command која содржи опции како Action memo, Smart select, Screen write, S Note, Settings и Instagram, а ова последното сугерира дека компанијата ја додала можноста за прилагодување на менито.