ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ШАНСА ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ИСПУШТИ, КАЖА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

0
538

Компромисниот предлог на Франција за одблокирање на почетокот на пристапните преговори со Европска Унија е шанса што Северна Македонија не би требала да ја испушти, кажа германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Западен Балкан е во срцето на Европа и блиску до моето срце. Иднината на овие земји лежи во Европската Унија. Компромисот што го презентираше француското претседателство за стартот на пристапните преговори со Северна Македонија е можност што не би требала да се пропушти“, напиша Бербок на Твитер.

Таа додаде дека искористувањето на оваа шанса е од огромен стратешки интерес и за ЕУ и за Северна Македонија.

„Сега е време да се тргне напред“, додаде Бербок.