(ФОТО) КОМЕДИЈА : Ѕинго организираше контра-прослава за 11 Октомври во Куманово

0
2301

Покрај официјалното одбележување на празникот 11 Октомври организирано од Општина Куманово во Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, на истото место, час порано, своја прослава и делегација предводена од лидерот Љубисав Иванов-Ѕинго имаше и Социјалистичката партија на Македонија.

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц е изненаден од паралелната прослава на 11 Октомври.

– Во мојата 12-годишна практика во политиката се нема случено посебно, со паралени протоколи, да се одбележува 11 Октомври во Куманово, градот првоборец и град херој кој даде 800 жртви во борбата против фашизмот. Ова јасно укажува во кој правец се движи Република Македонија, поделена по сите основи. Нѐ делат и на државни празници, кои значат државотворност на Македонија. Жал ми е за ваквиот начин на покажување на ароганција и поделби во земјава. Од ова свето место апелирам до сите разумни луѓе во Македонија да почнеме да градиме заедништво, тоа е основен концепт по кој може да опстане Македонија како мултиетничка, мултикултурна и држава на сите граѓани – изјави Дамјановски.

Освен од Куманово, со автобуси пристигнаа членови од Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Штип и помалите општини во североисточниот регион за да присуствуваат на одбележувањето организирано од Ѕинго.