(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРИЛЕПСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА ДОБИ НОВ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ОПРЕМЕН ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

0
1422

Пуштен во употреба новиот Ургентен центар во Општата болница „Борка Талески“ Прилеп.

Се гордеам со Општата болница „Борка Талески“, затоа што 35 години од моето работно искуство го поминав го поминав токму во неа.

Точно знам што значи да се има, или да се нема Ургентен центар во некоја здравствена установа. Навистина сум радосен и среќен, што од денес тоа го имаме во нашата болница. Се гордеам и со фактот дека целосно е реновирано и Акушерското одделение, што значи дека родилките и новородечињата ќе имаат подобри и посовремени услови.

Ургентниот центар е од круцијално значење за нашата болница и за граѓаните од општина Прилеп. Намената на Центарот е за прегледување и тријажа, како и за третман на итни пациенти. Во него амбуланта за за преглед на пациенти, просторија за реанимација, за згрижување на рани, како и дневна болница со 6 кревети. Опремен е со целата неопходна опрема, а во него ќе бидат ангажирани 12 доктори и 12 медицински сестри, кои ќе работат во смени.

Во Акушерското одделение реновирани се подовите, ѕидовите, вратите, санитетските јазли, водоводната и електричната инсталација, осветлувањето, а набавена и постевавена е нова медицинска опрема, како и нови кревети.

За болницата „Борка Талески“, турската компанија „АЛИМ ОРМАН УРУНЛЕРИ“ донираше опрема во вкупна вредност од 50.000 евра, што е доказа дека хуманоста не познава граници и за што како градоначалник на општина Прилеп, сум им исклучително благодарен.

Благодарност до сите доктори и целиот медицински персонал, за се’ она што во овие три месеци направија во битката со вирусот КОВИД-19. Огромна благодарност и до работници од другите здравствени установи, од Центарот за јавно здравје, Здравствениот дом, Итната медицинска помош, како и до сите матични лекари и стоматолози, кои во изминатите три месеци застанаа на браникот во битката со вирусот и во заштита на здравјето на сите граѓани од општина Прилеп и од поширокиот регион.

Напорите на здравствените работници и Општинскиот кризен штаб со своите секојдневни активности, заедно со дисциплината на граѓаните кои ги почитуваа мерките за заштита, дадоа резултат. Од еден таков град, кој беше ризичен пред три месеци, сега сме во една релативно добра ситуација, во која деневно имаме по еден или ниту еден заразен. Ако продолжиме така во наредните денови ќе имаме уште подобри резултати.

Во таа насока, ја охрабрувам полицијата да ги преземе сите мерки и да ги спречи најавените забави во одредени кафулиња во нашиот град, за кои јавноста дозна преку социјалните мрежи.

“>

Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.