(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Министерот Бочварски од Битола најави нови патишта и пуштање на пругата до Кременица

0
663

Капиталните проекти се врвен приоритет на Министерството за транспорт и врски и затоа ставаме силен фокус на нивна реализација. До крај на годината следи силна градежна офанзива и ќе го искористиме секој момент да сработиме што е можно повеќе затоа што тоа е многу важно за економијата.  Денеска сум во прва посета во Битола и Пелагонија каде имаме крупни капитални проекти што ги реализираме во комуналната, железничката и патната инфраструктура, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот заедно со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, извршија увид во изградба на канализациони и водоводни линии на три улици во Битола, вредност на проектот од 1, 5 милиони евра,

Министерот Бочварски истакна дека ова е многу важен проект за жителите, особено со кои се подобруваат условите за живеење и потенцираше дека во следниот период посебен фокус ќе се стави на овие проекти.

“Работата на изградба на комуналната мрежа тече според утврдената динамика, имаме одлично темпо на работа и според најавите од изведувачот очекувам проектот да се реализира докрај на годината.

Дополнително што сакам да најавам дека деновиве во Министерството го завршуваме и тендерот за изградба на канал за сливни води низ неколку улици до Буковски гробишта, исто така значаен проект за Битола. Би сакал да потенцирам дека следниот месец преку ЈП за државни патишта ќе се распишат тендери за рехабилитација на патните правци од Битола до Меџитлија, потоа од Битола до Демир Хисар и делот од Фариш до Прилеп. Во овој момент се врши проектирање за изградба на нов експресен пат со обиколница од Битола до Меџитлија.

Можам  да ветам дека поддршката ќе продолжи во континуитет и заеднички ќе реализираме проекти за развој на Битола и цела Пелагонија”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот информираше дека се вршат последните тестирања на новата пруга од Битола до Кременица и очекува до крај на годината да се пушти во употреба железничката станица во Жабени.

За општина Битола, проектите во целокупоната инфраструктура се многу значајни заради ексономски развој на градот и регионот, а пред се за подобрување на животот на Битолачни и жителите што гравитираат околу овој регион.

„Самозадватаинфраструктурнипроектинаул. „Партизанска“и„Илинденска“, коиштојасгисметамзакапиталнипосаматаинвестицијаодаспкетнаучествонадветестрани, ОпштинаБитолавложи девестотини илјадиевра, аМинистерствотозатранспортиврски шестотини и педесет илјадиевра, штогопокажуваипотврдувапартнерскиотодноснаминистерствотоиопштинатаграденивоизминатиотпериодинештоштодавапотврдаизанатамошнипроекти. Ипроектоткојштоеодобрензаканалоткајстадионот, нидаваможностзареализацијанаул. „КрушевскаРепублика“, којаќедонесеголемосообраќајнорастеретување. Наул. „Илинденска“сеодвиваатактивностина 10 делници, еднатаевеќесозатворенколовоз, трисозавршенафекалнаиатмосферскаканализацијаисеизведуватампонирање, поштоќесеасфалтираат. Морадаседелуваподелници, бидејќидолжинатанаулицатаенад 2,1 километар. Тоасебагеритезакоиштозборувавмеитиекоиштосакаатдагивидат, бездагледаатсозлинамери, какограѓани, можатдагивидат“, изјави Наташа Петровска, градоначалник на општина Битола.

Претходно, министерот оствари средба со градоначалничката на која разговраа за реализација на идни инфраструктурни проекти.