ФОНДАЦИЈАТА ЗАЕВ СО ПОДДРШКА ЗА МАНИФЕСТАЦИЈА „РОМАНСКИ ПОЕТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – АНА БЛАНДИЈАНА“ КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО БУКУРЕШТ

0
717

Читањето на поетесата Ана Бландиана на романски јазик ќе биде надополнето со читање песни во превод на македонски јазик од Лидија Димковска, Ташко Саров и Јане Теохаревски. Потоа ќе бидат прикажани филмовите: „Кирилица“, во продукција на Министерството за култура на Северна Македонија, со романски превод).Преводот ќе го обезбеди Анка Петреску, од Амбасадата на Северна Македонија во Романија.

Почнувајќи од 2018 година, 8-ми декември добива посебно значење за македонската заедница во Романија, со донесувањето и прогласувањето на законот со кој во Романија ќе се одбележува Денот на македонскиот јазик.На иницијатива на претставничката на етничкиот состав во Собранието, тогашната пратеничка Маријана Венера Попеску, со поддршка на Здружението на Македонците во Романија и Македонската заедница во Романија, Денот на Свети Климент во Охрид (8.12) стана Денот на македонскиот јазик во Романија.

На првата прослава (2018 година), во Дипломатскиот клуб во Букурешт, меѓу другите присуствуваа и тогашниот македонски министер за дијаспора, Едмонд Адеми, поранешниот министер за надворешни работи, сенаторот Титус Корлашеан, поранешниот директор на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, тогашниот амбасадор на Северна Македонија Габриел Атанасов, претседателката на АРМ Лаура Елен Рогобете Кристеску итн.За жал, во наредните години, поради пандемијата, овој настан не се одбележувше.

Годинашното одбележување е на иницијатива на Јане Теохаревски, актуелен главен уредник на емисијата „За македонскиот јазик“, која е на првиот канал на Македонската телевизија.Настанот е организиран со поддршка на Фондацијата Заев.