ФОНДАЦИЈАТА „ЗАЕВ – ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“ СО ДОНАЦИЈА НОВО АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА

0
255

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и годинава продолжува со ангажманите за поддршка и унапредување на јавното здравје, кои беа главен белег на реализираната програма и во претходната година. Како резултат на тоа, возниот парк на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица од денес е побогат за уште едно амбулантно возило.

Директорот на нашата Фондација Зоран Заев и членот на Одборот на Фондацијата д-р Венко Филипче, и го предадоа амбулантното возило на директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица д-р Катерина Кузмановска, а на чинот на примо-предавање присуствуваше и заменик министерот за здравство д-р Маја Манолева.

Донацијата на амбулантно возило ја обезбеди Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во соработка со други општествено-одговорни субјекти, а на истата, во 2020 и 2021 год., ѝ претходеа уште две такви донации на амбулантни возила за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица, кои, заедно со заштитна опрема за вработените во Ковид центарот, ги обезбеди семејството Заеви.

По повод денешниот настан, изјава за медиумите даде членот на Одборот на Фондацијата, д-р Венко Филипче.