Филипче на трибина Агенда Родова еднаковост 20-24: Треба треба да развиеме автентичен модел на родова еднаквост

0
1201
На вечерашната трибина Агенда 20-24 министерот за здравство Венко Филипче истакна дека во изминатите 2,5 години е постигнато многу во еден транспарентен процес заедно со граѓански здруженија. Филипче во своето обраќање истакна дека токму на тој начин министерството ги креираше политиките.
 
“Политиките ги креиравме согласно нивните потреби и проблеми со кои се соочуваат. Така ја донесовме промената на Законот за абортус. Навистина имавме помош од граѓанското здружение Хера и сакавме да направиме еден модерен закон”, рече Филипче.
Според него прашањето на родова еднаквост е прашање на културолошки карактеристики на едно општество и токму затоа тој додаде дека треба треба да развиеме наш автентичен модел.
Филипче се осврна и на мерките кои Министерството за здравство ги донело за унапредување на здравјето на жените, но и на мажите.
“Денеска нема ниту една жена која боледува од карцином на дојка која чека терапија”, рече Филипче и додаде дека е вложено многу и во лекувањето на ракот на простата кај мажите и на белите дробови од што повеќе боледуваат мажите.
“Ние затекнавме состојба во која огромен број на пациенти чекаа на ред за терапија. Имаше пациенти кои воопшто не може да стигнат до терапија. Воведовме квалитетни лекови. Ги нема веќе сомнителните лекови од паралелен увоз.  Направивме набавка на 30 молекули за канцер на дојка. Нема жена сега која чека на ред за терапија, тој е достапен до сите и е покриен прек Фондот”, рече Филипче.
Министерот за здравство доаде дека сега секој пациент еднакво и жена и маж пред да примаат терапија прво посетуваат и разговараат со психолог. Филипче истакна дека воведувањето на психолошка поддршка за пациентите е од клучно значење за лекување на болестите.