Филипче за Телма: Датум за избори само кога Комисијата за заразни болести ќе го одобри тоа, здравјето на граѓаните е над се

0
990
Почитувани,
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во денешното гостување во вестите на Телевизија Телма на новинарските прашања што е со изборниот процес, дали експертите од Комисијата за заразни болести се согласуваат да има избори, со оглед на тоа што партијата која е власт денеска побарала што поскоро да се одржат изборите – веднаш штом олабават мерките, но и како би се одржувале изборите, министерот Филипче истакна дека никогаш досега, ниту пак изборниот процес којшто бил закажан на почетокот на оваа криза не бил предмет на дискусија, ниту пак било нешто врз основа на што се темелеле препораките.
„Никогаш досега ниту еден настан, ниту пак изборниот процес кој што беше на почетокот на оваа криза закажан не беше предмет за дискусдија, ниту пак беше нешто врз основа на што ние ги темелевме препораките, односно Комисијата за заразни болести – експертите, епидемиолозите ги темелеа нивните совети, препораки, предлози до Владата. Се што се предложи на Министерството и Владата, сите мерки беа димензионирани здравјето на граѓаните да биде ставено на прво место. Во таа смисла, истиот терк на работа ќе продолжи и понатаму. Само врз основа на стручни аргументи, анализа на бројот на пациентите, на новодијагностицирано, само врз основа на бројот на пациенти кои ги имаме во болниците, но и на домашно лекување ќе бидат дадени следните предлози“, потенцираше министерот Филипче.
Тој додаде дека се надева дека овој тренд ќе продолжи. Тоа што секој ден има се помалку дијагностицирани пациенти, се помалку пациенти кои се лекуваат во болниците и на домшано лекување, тоа што има повеќе излечени отколку активни случаи – значи дека мерките беа добро димензионирани и добро испланирани, кои се темелеа на медицински аргументи, на епидемиолошката наука. Врз основа на ова, предлозите ќе продолжат да се даваат и понатаму.
*Поради технички проблеми со службениот е-меил, оваа порака ја испраќам од приватниот е-меил.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство