ФИЛИПЧЕ : ВО ОВИЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБНА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

0
139

Денот на Европа е славење на мирот и единството. Вечерва бев гостин на амбасадорот Дејвид Гир на приемот во чест на 9 мај, Ден на Европа. Изминативе години ЕУ беше политичка, финансиска, хуманитарна, дипломатска, правна поддршка на земјите од Западен Балкан.

Во овие тешки времиња на Македонија и е потребна Европската Унија, во чија рамка се споделува солидарност, мобилност и раст, каде може да се обезбедат високи стандарди за нашите граѓани во повеќе области од животот и работата.

Македонија мора да стане членка на ЕУ таму ќе бидеме поотпорни и посилни во соочување со какви било предизвици.