ФЕЈСБУК СТАРЛЕТАТА МОЏО КИЛИНГТОН НА ПРАТЕНИЧКАТА ЛИСТА ВО ЗНАМ КАЈ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ

0
288

„Имам чест и задоволство да објавам дека овие избори ќе сум на листата на ЗНАМ на Максим Димитриевски како кандидат во 5-та изборна единица. Благодарам за шансата да имам можност да направам повеќе отколку само да критикувам од страна“, објави битолчанецот.

Писателот и инфлуенсер Божидар Божиновски (Моџо Килингтон) објави дека ќе се најде на петтото место на кандидатската листа за пратеници на партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски во изборната единица 5.„Имам чест и задоволство да објавам дека овие избори ќе сум на листата на ЗНАМ на Максим Димитриевски како кандидат во 5-та изборна единица. Благодарам за шансата да имам можност да направам повеќе отколку само да критикувам од страна“, објави битолчанецот.Божиновски додава дека политички е поттикнат да се активира, затоа што „му е доста да гледа како едни исти партии владеат и не прават ништо за да го променат општеството“.

„А има многу да се направи, има многу зошто овие избори треба да се активираме сите. Затоа што е доста 30 години да се надеваме дека најголемиите партии ќе се сменат и баш од овој пат ќе работат за народот. Затоа што доволно ја газеа кој ќе стигне Македонија. Затоа што државата ги остава децата да ги лечиме со смс пораки, затоа што имаме 600.000 гладни, 30% од населението ни е со еден оброк дневно. Затоа што ни треба правда и борба против корупцијата која го уништи нашето општество. Кога тоа ќе го решиме сме го решиле и здравство и образование и загадување и плати и пензии. Коренот на сите наши несреќи е во криминалот, корупцијата и недостатокот на правда. И Македонија нема да издржи уште четири години ништење ако не смениме нешто! Ова ми е прв пат во политика и влегол или не, неважно, борбата за Македонија продолжува. ЗНАМ само едно – Македонија ќе победи!“, додава тој.