ФАТЕНИ ВО ОФСАЈД : ЛАНИ НА ПРОТЕСТ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПЕЕШЕ ЗА ,,КЛЕТИТЕ ДУШМАНИ” А СЕГА ОБВИНУВААТ ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА ТЕКСТОТ

0
601

Функционерите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ на минатогодишни протести, на кои се појавува и лидерот Христијан Мицкоски, ја пејат песната „А бре, Македонче“, со истите стихови како и хорот на НОБ во Куманово – „нека разберат клетите душмани“. Сепак, од партијата сега реагираат дека власта се обидувала да го ревидира текстот.

Тие остро регираа на пеењето на песната „А бре, Македонче“ на одбележувањето на 11 Октомври во Куманово и обвинија дека се ревидира песната со непеењето на стихот „клетите фашисти“.

На видеото кое што се прошири на социјалните мрежи на протест, на кој се појавува и лидерот на опозицијата, песната „А бре, Македонче“ граѓаните ја пејат со истите стихови како и хорот на НОБ во Куманово.

Утрово со реакција се јави и Александар Трајковски, потомок на Ордан Михајловски-Оцка, автор на музиката и ко-автор на текстот на песната „А бре, Македонче“, кој потврди дека не станува збор за никаква ревизија на песната и дека аранжманот со овие стихови е направен во седумдесетите години од страна на професорот Драган Шуплевски и дека така ја изведуваат сите хорови.

Тој дури и додаде дека во првичната верзија на песната, изведена на 8 ноември 1941 година, не се споменуваат ни „клетите душмани“, ниту пак „клетите фашисти“, туку се пее за „денешните тирани“.