ФАКТОР АНАЛИЗА : КОЈ НАПРАВИ ПРЕКУ 30 МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИВКА ОД ИЗГРАДБА НА СТАНОВИ ЛАНИ?

0
252


Околу 32 милиони евра е добивката на најголемите градежни фирми чија основа на бизнисот е изградба на згради за колективно домување во 2023. Крмзов-МР, на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој гради станбени комплекс, има убедливо најголема добивка од повеќе од 9 милиони евра. Во Топ-10 од минатата година се и кумановските Мега и Голден Арт, инаку фирми сопственици на парцели во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје.

Во најдобрите 10 е и СМС Шопс Скопје, компанијата на бизнисменот Амар Салиу која ги гради становите во комплексот „East Gate Living“ во скопска Автокоманда. Добропозната Адора инженеринг на Ванчо Чифлиганец е на третото место, а блиску со добивката е битолската Стентон Градба на Снежа Стоајноска, иако заработката на ова друштво треба да се земе со доза на резерва, затоа што приоритетна дејност е изградба на станови, но сепак работи и на проекти од нискоградба и инфраструктура.