УСЈЕ : ГИ ОТФРЛАМЕ НЕОСНОВАНИТЕ СТАВОВИ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА, НЕМА КОРЕЛАЦИЈА ПОМЕЃУ РАБОТАТА НА ЦЕМЕНТАРНИЦА И КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ГРАДОТ

0
382

Мерењата направени на 3. и 4. јануари 2023 од страна на ДИЖС и инспектори за животна средина на Град Скопје во кругот на Цементарница Усје, уште еднаш потврдуваат дека нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисини точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница Усје е дури и помала од други мерни места во градот.Поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребува мазут што е дозволен енергенс согласно А-Интегрираната Еколошка дозвола. При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Компанијата веднаш ќе ги имплементира препораките на инспекторатот и ќе направи замена на енергенсот со природен гас.Во Усје редовно се вршат независни мерења од страна на акредитирани лабаратории. Резултатите од досега извршените редовни мерења покажаа дека сите емисии, вклучувајќи ги и емисиите во котларата, се под законски дозволените граници. Последното вакво редовно независно мерење е направено на 28.10.2022 година.Цементарница Усје во континуитет ќе продолжи да ги унапредува сите процеси согласно принципите за транспарентно и одоворно работење.