УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПРЕД НОВА ВЛАДА? АГЕЛЕР ВЕЛИ ДЕКА СЕ Е МОЖНО ВО МАКЕДОНИЈА

0
249

Имало преседани каде амандмани се гласале за време на техничка Влада, вели во интервју за ТВ21 амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање дека се слушаат неколку различни опции за тоа.

– Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани каде амандмани се изгласувале за време на техничка Влада. Една од работите кои јас ги научив служејќи овде е дека сè е возможно – вели Агелер.

Таа истакнува дека на луѓето им е важно како се трошат нивните пари и ќе направат промени, затоа што корупцијата овде има навлезено во речиси сите општествени сектори, во сите гранки на владата, во сите сегменти на бизнисите.– Луѓето во Северна Македонија се среќаваат со корупција во секојдневниот живот – вели американската амбасадорка.