УНГАРСКИТЕ МЕДИУМИ : ЗАЕМОТ ОД МИЛИЈАРДА КОН МАКЕДОНИЈА Е ИСТОРИСКИ НАЈГОЛЕМ КОЈ УНГАРИЈА НЕКОГАШ НЕКОМУ ГО ДАЛА

0
280

Новата влада на Северна Македонија ќе добие заем од Унгарија од една милијарда евра по исклучително поволни услови, коментираат унгарските медиуми, откако и неделникот ,,Фокус” објави дека заемот ќе биде од Унгарија.

Тамошните медиуми забележаа дека ова е најголемиот заем што владата во Будимпешта го одобрила некому откако Виктор Орбан ја презеде власта.

Идниот министер за транспорт и врски Александар Николоски потврди дека новата Влада, чие гласање е закажана за утре, ќе се задолжи за една милијарда евра во странство, а заемот нема да се земе од Кина, туку од ЕУ и НАТО земја-членка.

„Фокус“ веќе објави дека финансискиот пакет од една милијарда евра, кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски го најави веднаш по победата на парламентарните избори на 8 мај, идната влада ќе го обезбеди од Унгарија.

Информацијата дека задолжувањето од една милијарда евра ќе се случи во директен договор со Унгарија им ја соопштил на партнерите од идната влада додека траеле преговорите за составување на извршната власт, велат извори на „Фокус“ од парламентарното мнозинство.

Неофицијално, кредитот ќе биде подигнат со ниска каматна стапка од три проценти што е исклучително поволен услов за било какво задолжување за една земја во странство.