УДАРНАТА КУРТОН ТУПАНИЦА НА ВМРОВЦИТЕ ОД БЕЛАТА ПАЛАТА ОСТАНА СО ПРАЗНИ РАЦЕ, ПО ЖЕСТОКАТА РЕАКЦИЈА НА ЈАВНОСТА ПАРТИЈАТА РЕШИ ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ ОД ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ

0
1050

Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Димче Арсовски и Марија Митева се повлекоа од членувањето во Управните одбори на ЈСП и Водовод.

Тие побараа нивните имиња да бидат повлечени од листите со предлози за членови во Управните одбори на јавните претпријатија во град Скопје.

„Зошто Попов и СДСМ не реагираат што портапролот на Алтернатива ќе биде нов директор на МЕПСО. Во име на тие принципи и во име на таа разлика, донесов одлука да се заблагодарам за довербата и честа да бидам предложен за Член на УО на ЈСП и да побарам да бидам исклучен од листата. Истовремено, оставам аманет на оние коишто ќе бидат избрани, да не го премолчат криминалот, како и да поведат сметка за претпријатието- симбол на Скопје!“ – напиша Наум Стоилковски на социјалните мрежи.

Нивните одлуки следат по реакцијата на градската опозиција дека новата власт во Скопје ги партизира институциите.