ТАЛАТ ЏАФЕРИ МУ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ВМРО-ДПМНЕ: ВЛАДАТА Е ВО ОСТАВКА И ЗАТОА НЕМА СЕДНИЦА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА

0
767

Претседателот на Собранието, Талат Џафери постапи против опозицијата поради заминувањето на Зоран Заев од премиерската функција и затоа седница за пратенички прашања не може да се одржи.

Џафери пред медиумите најави дека на почетокот на седницата ќе биде констатирана оставката на Заев, но било нецелисходно да има и седницата за пратенички прашања бидејќи Владата е во оставка.
Тој рече дека оваа Влада останува на должноста до изборот на новата ама на техничко ниво. До изборот на нова Влада ќе нема нови седници.