УАПСЕН ДРАГАН ДАРАВЕЛСКИ ПО 20 ГОДИНИ БЕГСТВО

0
541

По долги години бегство во Србија, денеска бил уапсен поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, потврдија за „Фокус“ од Министерството за внатрешни работи. -Денеска (10.01.2023) на ГП Табановце е приведен Д.Д. , кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа, се вели во кратата информација од МВР.

Даравелски беше осуден со правосилна судска пресуда дека проневерил 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година. И медиумите го знаеја неговото место на живеење во Белград, но државава никогаш не успеа да го екстрадира.