НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ,,БОРКА ТАЛЕСКИ” И СЕ СЛУЧУВА ВИСТИНСКА ХАВАРИЈА : Украдени ОПИЈАТИ од сефот на болничката аптека, долгови од 90 милиони денари, ненаплатена партиципација во висина од 500.000.00 денари И КОЈ ЛИ ЗНАЕ ШТО УШТЕ НЕ!!!

0
3286

На денешната прес конференција во прилепската болница „Борка Талески“ која ја одржа раководителот на стручни служби во прилепската Општа болница, д-р Гордана Антулеска-Белческа изнесе шокантни податоци за претходните директори на прилепската болница кои по нивното заминување оставија вистинска хаварија.

,,Поранешното раководство на болницата, се однесувало со болницата како да е приватна своина на ВМРО-ДПМНЕ. Како што и самиот директор им порача на вработените ,,Никој овде не е вработен од што е многу способен, туку затоа што е партиски член”. Дека е така зборува и фактот што се доделувани решенија за раководители на непостоечки организации единици во состав на Болницата, со цел партиските војници да земаат повисока плата, со државни пари и да бидат соодветно наградени за својата партиска активност”, изјави на денешната прес конферененција раководителот на стручни служби во прилепската Општа болница, д-р Гордана Антулеска-Белческа.

По извршен попис од страна на комисијата се извршил увид и во одделот за истории, каде комисијата затекнала вкупно 563 истории на пациенти за кои не била наплатена никаква партиципација и тоа во вкупен износ од 500.000.00 денари. Исто така раководителот на стручни служби во прилепската Општа болница, д-р Гордана Антулеска-Белческа изјави дека екс директорот Петар Ристески зад себе оставил долгови од околу 90 милиони евра.

Шокантна е изјавата на раководителката на стручните служби каде таа изјави дека од страна на формираната комисија на болницата е утврден недостиг на опијати од сефот на болничката аптека, за што веќе биле известени службите на МВР.