УАПСЕНИ МИТРОВСКИ, ГИЕВСКИ И ПЕТТЕ ВМЕШАНИ ВО ПРОДАЖБАТА НА ПАРЦЕЛИТЕ ЗА ,,ЕВН ЕЛЕКТРАНИ”

0
10851

Двајцата управители на „ЕВН Електрани Македонија“, Мирослав Митровски, Игор Гиевски, заедно со уште пет лица кои се вмешани во купопродажбата на парцели за фотонапонски централни во Делчево се уапсени доцна вечерва. Според информациите на „А1он“ тие ќе бидат задржани до утре, кога ќе бидат изнесени и пред судија на претходна постапка. Засега е познато дека ќе се бара мерка за обезбедување на присуство, а скопското Обвинителство треба да одлучи дали ќе бара ефективен притвор.

„Првопријавениот и второприjaвениот во својство на управители на ЕВН-Електрани Македонија свесно и со однапред утврдена намера со изготвување на анализи на трошоци и добивки со лажни податоци, прикривајќи суштински факти, лажно презентирајќи несоодветни земјишта како да се соодветни за намената за која се купуваат поради фактот што одредени земјишта не ги исполнуваат условите за пренамена на земјоделско во градежно земјиште и одредени земјишта се во несоодветна категоризација на земјиште за намена за која се купуваат, презентирајќи пазарни цени кои не соодветствуваат со реалните пазарни цени на земјиштата за конкретната категоризација и класа на земјишта прикривајќи го фактот дека пријавените физички лица-продавачи се меѓусебно поврзани, го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН да донесе одлука за склучување договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи“, соопшти Управата.