УАПСЕНИОТ АМЕРИКАНСКИ НОВИНАР ВО РУСИЈА ОБВИНЕТ ЗА ШПИУНАЖА – МУ СЕ ЗАКАНУВА КАЗНА ДО 20 ГОДИНИ

0
378

Руските истражители го обвинија уапсениот американски известувач на „Волстрит журнал“ Еван Гершковиќ за шпионажа.

„Гершковиќ е обвинет за шпионажа“, изјави денеска за руската агенција „Интерфакс“ извор за кој велат дека е запознаен со ситуацијата.

Американскиот новинар беше обвинет по член 276 од Кривичниот законик на Руската Федерација, според кој му се заканува затворска казна до 20 години.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо вчера повикаа на итно ослободување на новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершковиќ и ги нарекоа обвинувањата „смешни“, пренесе Ројтерс.

Како што претходно соопшти руската ФСБ, Гершковиќ беше приведен на 30 март во гардата на Екатеринбург „при обид да дојде до тајни информации“, пренесе Интерфакс.

Геркшовиќ, „постапувајќи по инструкции на американската страна, собрал информации кои се државна тајна за активностите на едно од претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс“, соопштија претходно руските истражни органи.