ТРИЧКО ЗА СТАРТОТ НА УТРИНСКИ ВЕСНИК ПРЕД 20 ГОДИНИ: Донесовме во културното, политичко и општо милје, европски производ, ја симнавме графиката на римска “Република”, формиравме редакција од 60 луѓе, дали ќе верувате

0
1145

Утрински спомени

Пишува: Бранко Тричковски

На 23 јуни 1999 година се појави првиот број на “Утрински весник”.
Се сеќавате, тоа е весникот што го затвори генералниот секретар на злото (тој го затвори весникот, не обратно), парадерот со розе кравата и шишиња полни со евра, а го отвори една екипа ентузијасти во која беше и мојата маленкост.
Меѓу раѓањето и смртта, како и секаде и во се, на страната на смртта беа и се вмро и вморонските инсталации, со тоа што во првиот бран, Утрински беше фактор кој многу значајно придонесе за спасот на Македонија од тоа зло, додека во втората фаза Македонија ја болеше дундата, односно со малиот прст не мрдна да се реваншира и да го спаси Утрински од злосторничкото здружение на Керим и Груевски.
Тоа е.
Јас се јавувам една недела порано затоа што тоа време беше, што би рекле христијаните, страдна недела, не се заебавам, не беа тоа маките на нашиот драг исусек, немам такви спомени и претензии, но беше неспоредлива густина на очекувања, стравови, надежи, еден навистина неверојатен и непофторлив микс од чуваства што ги држевме да не експлодираат со помош капакот на огромната енергија и страст.
И со малку алкохол, нормално.
Како и да е, донесовме во културното, политичко и општо милје, европски производ, ја симнавме графиката на римска “Република”, формиравме редакција од 60 луѓе, дали ќе верувате, без никакви интервенции, јас би рекол ја склопивме последна генерација на нормални новинари, со доминација на жените, ако е тоа денеска важно, излегувавме редовно на 32 страници, со тоа што многу често одевмем и на 64, па и на повеќе од осумдесет страници, први отидовме со колори, фичерси, “ге” форми на преломот, со феноменалните карикатури на Драган Поповски, со меко засенчени окери под малите формати, имавме по 20 и 30 страници реклами,продававме и повеќе од педесет илјади, јас како главен уредник го оставив весникот со 26.000 продадени.
Неверојатен подвиг.
Двајцата егзекутори се во бегство со многу пари.
Вработените се кој каде!
Има и многу тажни приказни.
Тие ѕверови ја украдоа иднината на многу луѓе.
За апартмани во Опатија, во Њујорк или во Будимпешта.
Но, ова не е плачипичест формат.
Макар што ако се случи да влезам во пентхаусот на Срчко, тешко ќе одолеам на предузвикот да го турнам од терасата на 678 кат.
Ова е оптимистичен пристап.
Да ги победиме ѕверовите на последните изборите на кои тие ќе учествуваат.
Ова е последната битка.
Да ги вратиме стандардите во новинарството и во издаваштвото.
Да ги одлепиме од кикифрики фазоните, мерките и стандардите.
Нека ни е честита годишнината.
Поклон пред луѓето што го создаваа оваа великолепие, а не се веќе меѓу живите. Мицковски и Николиќ. Оној велешанец, на кого му го заборавив името. И други, на кои не можам да се сетам како имиња, но ги паметам многу добро како личности. Јаконов, ќе го заборавев тој неверијатен човек и новинар.
Тенкју за Трифун, се разбира, затоа што прифати да биде наш партнер, тогаш кога други не сакаа.