КОВАЧЕВСКИ : ИНВЕСТИЦИЈАТА НА ЈАГЕО Е НАЈГОЛЕМА ВО СЛОБОДНИТЕ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ, ЌЕ ИМА 4 ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ

0
440

„Минатата недела еден од најголемите производители на чипови за автомото иднустријата, за авио индустријата, медицинската индустрија, 5Г технологиите итн – Јагео, одлучи да отвори 205 милиони евра вредна инвестиција, најголема инвестиција од практично отпочнувањето со работа во слободните економски зони која во својот производен капацитет ќе вработи речиси 4000 вработени“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на Самитот на Македонија 2025 – „Просперитетни економии преку дигитализација и стратешко лидерство“.Тој додаде дека ова е најдобра потврда дека ние имаме и ресурси и знаење да произведуваме нешто за кое сметавме дека е незамисливо да се произведува во Македонија.

„Затоа на сите оние кои сметаа дека на Македонците постојано им треба туторство, некој да ги учи, некој основите да им ги покажува – ова е најдобра потврда дека кај нас ќе се произведуваат чипови кои беше незамисливо да се произведуваат исто како што веќе се произведуваат најсофистицирани делови и за БМВ, Мерцедес и за други автомобили, познати марки од Германија, САД, Франција, Италија итн“ рече Ковачевски.Премиерот додаде дека му е задоволство што с ововедувањето на новиот концепт на работење на ТИРЗ во земјава имаме одлучни резултати.

„Последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра, што е над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Со новата инвестиција која ја споменав, надминуваме износ над 850 милиони евра. Имаме над 16.500 вработени во Зоните што е за над 10.000 работници, само од 2017 година досега. Во првиот квартал имаме речиси една милијарда евра извоз што е највисоко ниво во последниве 5 години. Само минатата година компаниите во зоните достигнаа највисоко ниво на извоз од 3.7 милијарди евра на годишно ниво од зоните“ рече Ковачевски.