ТРИТЕ УСЛОВИ НА ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА : БАРААТ ОД НАС ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД ИМЕТО, ПРЕДУПРЕДИ ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН

0
64

Во изјава за Телевизија Стар од Штип, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ги образложи трите услови што ги поставува Цариградската патријаршија кон Македонската Православна Црква.

Откажување од името Македонска Православна Црква, Отстапување на Македонската дијаспора, Признавање на Православната Црква на Украина (чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија).

Воедно, Архиепископот истакна дека овие три услови се неприфатливи за Македонската Православна Црква.