ТРЕНЧЕВСКА : ТЕМАТА ЗА САЈБЕР НАСИЛСТВОТО МЕЃУ НАЈМЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА МОРА ДА БИДЕ АКТУЕЛНА

0
180

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со младите на настан под името „Младите против сајбер насилството“ организиран во рамки на кампањата „Сложувалка“ во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцелариите на УНФПА и Активноста на USAID North Macedonia. На настанот на младите им се обратија и Сара Миленковска, Ко-основачка на мрежа Стела и истражувачка за родовата еднаквост, Иван Дургутов, Млад европски амбасадор и член на Младински совет на Амбасадата на САД, Сања Стефановиќ, Психолог и Марија Мининчиќ, менаџерка за партнерства со заедницата во Пивара Скопје.

Тренчевска во своето обраќање ги охрабри младите во делот на препознавање на насилството со посебен акцент на сајбер насилството. Таа посочи дека младите со развојот на технологијата и промена на начиннот на живот се соочуваат со нови видови на насилство за кои Владата креира законски решенија кои треба да излезат во пресрет. Министерката посочи дека особено треба кај младите да се подига свеста за психолошкото насилство кое е најтешко да се докаже, а е најраспострането кај жртвите на насилство.

Психологот Сања и претставничката на Пивара Скопје зборуваа за важноста на менталното здравје и за начините на кои можат младите да го одржуваат истото.

Од страна на психологот беа посочени реални примери на млади кои се соочуваат со насилство, таа ги поттикна присутните на разговор посочувајќи дека тоа не треба секогаш да биде полициска станица или министерство туку дека почетокот во борбата против насилство започнува со разговор со најблиските.