ТРЕНЧЕВСКА ОД ТРИБИНАТА ,,ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ” ВО ВЕЛЕС : ГРИЖИТЕ НА НАЈРАНЛИВИТЕ ГРАЃАНИ СЕ И НАШИ ГРИЖИ

0
284

-Кога со другарот Битиќи и претседателот Ковачевски ги кроевме овие мерки, јас секогаш настојував поголемиот дел од парите да бидат за највозрасните. Оние кои ни ја обезбедиле иднината, непрестајно работеле и се грижеле за нас! И се согласивме издвоивме 35.799.919 евра кои ќе ги поделиме на пензионерите во наредните 5 месеци.

Јас и другарот Марко денес дојдовме лично да ве известиме за придобивките на деветтиот пакет мерки кој го донесе Владата на чело со премиерот Димитар Ковачевски. 662 милиони евра назад за граѓаните од буџетот на Владата, тоа се нарекува грижа за граѓаните, тоа е Повече за сите, рече Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска при обраќањето на трибината „Повеќе за сите“ денеска во Велес.

Воедно таа ги објасни категориите на пензионери кои ќе примаат финансиска помош согласно деветтиот пакет на антикризни мерки донесен од страна на Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ.

-Драги пензионери кои примате пензии до 14.000 денари, за вас издвоивме по 3.000 денари во наредните 5 месеци. Кај сите 92.212 корисници на овие пензии директно ќе влијаеме овој период на товарот кој е предизвикан од зголемените трошоци за живот, како и од продолжените ефекти од енергетската криза и стабилизирањето на ценовната криза. За 42.253 корисници на пензија од 14.001 до 16.000 денари за 5 месеци издвоивме по 2.000 денари. И за уште 52.798 корисници на пензија 16.001 до 19.000 денари, воведуваме месечна финансиска поддршка од 1.500 денари за истото 5-месечно времетраење, објасни Тренчевска.

Претседателката на Форумот на Жени на СДСМ истакна дека придобивка од овие мерки ќе имаат,  187.263 приматели на најниските пензии.

Тренчевска на крајот од своето обраќање повика на поддршка, споделување, и заедничка работа кон подобри услови за живот и еднакви можности истакнувајќи дека тоа е патот кој води до „Повеќе за сите“.