Чулев : Телефонска линија и имејл за пријавување на прекршување на мерките – почнуваат поригорозни контроли

0
928

МВР отвори посебна линија и имејл за информирање и пријавување на непочитување на мерките што ги воведе Владата за заштита од ширење на коронавирусот, пренсе 360 Степени.

Телефонската линија 0800 00201 ќе работи 24/7 и е на два јазика. Исто така, пријавите можат да бидат на електронската адреса  [email protected].

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конфереција информира дека полицијата ќе ги засили контролите за оние што се во задолжителна самоизолација.

Според податоците што тој ги соопшти, во Скопје под полициска контрола на мерките здравствен надзор и самоизолација се 173 лица, во Битола 13, во Тетово 16, Охрид 82, Куманово 6, Штип 8 и Струмица 12 лица. За три лица од Тетово и Струмица кои ги прекршиле мерките се поднесени соодветни пријави до тамошните обвинителства. За Скопје се работи на 4 такви случаи.

Пријавите се по членовите 205 и 206 од КЗ, за пренесување заразна болест и непостапување по здравствените прописи за време на епидемија.