Трајанов од трибината во Неготино: Се залагаме за правда, реизбор на сите судии кои го штитат криминалот направен од минатата власт

0
890

За само 2.5 години се донесоа многу тешки но и многу важни одлуки кои ги отворија перспективите на нашата држава, истакна Павле Трајанов претседател на Демократски сојуз, партија дел од Коалицијата предводена од СДСМ.

Република Северна Македонија станува членка на НАТО сојузот, слободна држава која привлекува странски директни инвестиции и многу можности за младите дома во својата држава, -посочи Трајанов.

Многу резултати и успеси се постигнаа и тоа на долг рок, се врати  демократијата и слободата во земјата , слободно може секој да се изразува и да каже сопствен став.

Во однос на правдата и правната држава Трајанов истакна дека за жал имаме заостанување ,за разлика од сите други области каде бележиме напредок. Тој додаде дека неговите заложби остануваат во насока на реизбор на сите судии кои го штитат криминалот , направен од минатата власт.

Како партија се залагаме за ревносна борба против сите оние кои ја злоупотребиле својата положба, да им се одземе можноста да бидат политичари и да им се забрани нивно политичко дејствување, порача Трајанов.