ТРАКТОРИСТ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ПРИ СУДАР СО ВОЗИЛО НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО – ПЕХЧЕВО

0
103

Поради случена сообраќајка сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево од 11:25 часот беше во прекин во двата правца.

Од МВР потврдуваат дека имаат пријава за сообраќајка на патот Делчево – Пехчево.

– Во несреќата учествувале товарно моторно возило и трактор. Возачот на тракторот со повреди е пренесен во болница, ова се првичните информации.

Патниот правец сега е пуштен за сообраќај.