„ТИГРИТЕ“ ГО ПРЕБАРУВААТ ВЕШТАЧКОТО ЕЗЕРО ВО ЛИПКОВО, КАДЕ ШТО ИСЧЕЗНА 30-ГОДИШЕН МАЖ

0
438

Три нуркачки тима од единицата „Тигар“ ги пребаруваат водите на вештачкото езерото „Глажња“ во Липковско, на местото на кое вчера исчезна 30-годишното лице од селото Никуштак. Спасувачките служби од синоќа трагаат по мажот кому вчера, по влегувањето во езерото, му се изгуби секаква трага.

Спасувачката операција продолжи денес. Сличен случај имаше пред две недели кога се трагаше по 29-годижен маж, кој исчезна. Несреќниот настан се случи во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош.Седум дена подоцна беше извлечено безживотното тело на мажот.